Search

Судир на товарни брода во Северното Море, еден потона: Морнар загина, четворица исчезнати

Денеска два товарни брода се судрија во Северното Море кај брегот на Германија, а еден потона, соопштија германските власти, наведувајќи дека според досегашните податоци, еден морнар загинал, а по четворица се трага.

Бродовите се судрија пред зори на 22 километри југозападно од островот Хелиголанд, објави германската централна команда за поморски итни случаи. Засега нема извештаи за причината за несреќата.

Набргу по судирот потона бродот „Верити“ со седум членови на екипажот, под британско знаме, долг 91 метар, кој превезувал калеми од челик од Бремен, Германија до англиското пристаниште Имингем.

Двајца морнари се спасени од потонатиот брод, едно тело е извадено од морето, а четворица се сметаат за исчезнати, соопшти германската команда.

Спасувачите ја разгледуваат можноста исчезнатите лица да се уште се во потонатиот брод и планирале да испратат нуркачи до потонатиот брод, кој е на мала длабочина од околу 30 метри, за да проверат дали има знаци на живот, но времето е многу лошо и видливост мала под вода.

Температурата на морето е 12 степени Целзиусови, но луѓето можат да преживеат во вода на таа температура 20 часа, изјави Михаел Ипич, од германската поморска служба за пребарување и спасување.

Треба да знаете
Последни објави