Search

Палестинското Министерство за здравство: „Не делат само неколку часа болниците да престанат со работа“

„Зборуваме за целосен колапс на здравствениот систем, кој стана неспособен да се справи со големиот број повредени кои пристигнуваат во болниците, со ограничени можности за лекување на ранетите, покрај брзото трошење на горивото, што ќе доведе до прекин на струја“, рече тој. „Не делат само неколку часа болниците да бидат надвор од функција, а тоа го потврдија и меѓународни организации запознаени со здравствената состојба во Појасот Газа“, објави NBC News.

Во неделата, Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток, или УНРВА, соопшти дека ќе остане без гориво што е критично за нејзиниот хуманитарен одговор во Појасот Газа.

„Без гориво, нема да има вода, нема да функционираат болници и пекари“, рече генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини во денешната изјава. „Без гориво, помошта нема да стигне до оние кои имаат очајна потреба. Без гориво, нема да има хуманитарна помош“.

Ал-Кудра рече дека израелските воздушни напади во Газа вчера беа многу тешки, при што загинаа околу 704 луѓе, беа погодени 400 станбени населби и предизвикаа „47 масакри“.Повеќето од загинатите се жени, деца и постари лица, рече Ал Кудра. Покрај тоа, повредени се 1.023 лица.

Вкупно 5.600 луѓе се убиени, а повеќе од 16.600 се повредени во Газа од 7 октомври, рече Ал-Кудра.

Треба да знаете
Последни објави