Search

Бајден и Мохамед бин Салман за понатамошен дипломатски ангажман на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џозеф Бајден и престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман денеска во телефонски разговор се согласија да продолжат со поширок дипломатски ангажман за да се спречи ширењето на конфликтот на Блискиот исток и да се одржи стабилноста во целиот регион.

Според соопштението од Белата куќа, двајцата лидери разговарале за „тековните дипломатски и воени напори за одвраќање на државните и недржавните актери од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас“.

Тие ги поздравија напорите за ослободување на заложниците кои ги држеше палестински Хамас и повикаа на нивно итно ослободување.

Бајден и Бин Салман, исто така, ја поздравија испораката на хуманитарна помош од Египет во Газа и признаа дека е потребно многу повеќе за цивилите да имаат постојан пристап до храна, вода и медицинска помош.

Тие, исто така, ја истакнаа важноста да се работи на одржлив мир меѓу Израелците и Палестинците штом кризата ќе стивне, како дел од продолжувањето на соработката што веќе беше во тек меѓу Саудиска Арабија и САД во последните месеци.

Тие се договорија да останат во тесна координација директно и преку своите тимови во наредниот период.

Треба да знаете
Последни објави