Search

Пронајдени снимки според кои Хамас подготвува деца за војна !?

Палестинската милитантна група Хамас обучува деца за војна. На една фотографија, група момчиња од различни возрасти седат на земја облечени во воени униформи и држат оружје, а група возрасни облечени во црно стојат пред нив.

Има информации дека терористичката група тренира деца за војна, пишува News.com.au. Снимките од камерите прикачени на воените униформи кои се споделени на израелскиот Телеграм канал South First Responders (SFR) покажуваат деца облечени во униформи како се обучуваат во воени кампови.

Снимките се извадени на камери кои се пронајдени кај убиените милитанти, но сепак е важно да се нагласи дека ниту тврдењата на Израел ниту на Хамас не се секогаш целосно веродостојни, пренесуваат медиумите.

Холи Кален, вонредна професорка по право на Универзитетот во Западна Австралија, рече дека не е изненадување што Хамас обучува деца за војна.

– Учеството на децата во Интифадата (палестинското востание), главно кога фрлаат камења, е вообичаена глетка во отпорот на израелската окупација. Затоа не е чудно што сега некои групи милитанти отидоа чекор подалеку – вели Кален.

Амнести интернешнал во 2004 година ги повика палестинските милитантни групи, вклучувајќи ги Хамас, Исламскиот џихад и Бригадата на мачениците Ал Акса  „да престанат да ги вклучуваат децата во нивните активности“. Претходно, 16-годишно момче наоружано со експлозив е фатено во обид да помине на израелски контролен пункт.

И во други држави, децата се користат како војници, вклучувајќи ја и Уганда, каде Божјата армија на отпорот, предводена од Џозеф Кони, киднапираше 35.000 деца и ги испрати во битка.

Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека во периодот помеѓу 2005 и 2022 година, повеќе од 105.000 деца се регрутирани за војна.Регрутирањето и користењето на деца под 15-годишна возраст како војници е забрането со меѓународното хуманитарно право. Овој акт Меѓународниот кривичен суд го дефинира како воено злосторство.

На 7 октомври, Хамас почна со напади на Израел. Израелската армија планира да ги зголеми нападите врз Газа.

Треба да знаете
Последни објави