Search

Астон Вила убедливо го совлада Вест Хем

Фудбалерите на Астон Вила вечерва на свој терен во Бирмингем го победија Вест Хем со 4:1, во натпреварот од деветтото коло од Премиер лигата.

Астон Вила поведе со головите на Даглас Луис во 30. минута и пенал во 51. минута. Вест Хем намали во 56. минута кога погоди Џерод Бовен, а потоа Оли Воткинс погоди за домашните во 74. минута.

Конечниот резултат го постави Леон Бејли со гол во 89. минута.

Тоа беше 11-та последователна победа на Астон Вила на домашен терен.

Тимот шест победи и е петти на табелата со 19 бодови, два помалку од лидерите Манчестер Сити и Арсенал. Ливерпул на третото место има 20 бодови, исто колку и Тотенхем, но со натпревар помалку.

Вест Хем е без победа во последните два натпревари, а по третиот пораз во првенството е деветти на табелата со 14 бодови.

Треба да знаете
Последни објави