Search

Во Белград одржан 25-ти протест „Србија против насилството“

Во Белград со блокада на централните градски улици проевропската опозиција одржа нов, 25-ти протест „Србија против насилството“, со пар стотина граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

И овој протест започна пред Народното собрание, за да потоа преку централните градски улици, долж т.н. медиумска рута граѓаните прошетаа до РТС и до Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ).

Пратеникот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Чута на протестот рече дека „се е кажано“ и дека е време за акција.

-Ова веќе не е време за зборови, време е за акција. Сите заедно на една страна на 17 декември да го собориме злото. Тука веќе не е прашање на политика, туку на основно човечко достоинство и храброст, дали сакаме да живееме како слободни луѓе или ќе го трпиме криминалниот режим на Александар Вучи“, рече Јовановиќ.

На присутните им се обрати и пратеникот на Демократската странка (ДС), Срѓан Миливојевиќ, кој кажа дека проевропската опозиција „останува посветена за една листа“.

Покрај вонредни избори, на протестот остануваат и барањата за одземање на националните фреквенции на телевизиите Пинк и Хепи и затворање на таблоидите кои промовираат говор на омраза и насилство, како и смена на раководството на РТС.

Се бара и смена на членовите на Советот на регулаторното тело за електронски медиуми како и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и директорот на безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин. 

Треба да знаете
Последни објави