Search

Хамас нуди ослободување на заложници во замена за итен прекин на огнот

Хамас понудил да ослободи некои од заложниците во замена за итен прекин на огнот за време на разговорите за ослободување на многу од околу 203 заложници кои се држат во Газа, јави Би-Би-Си.

Израел досега не се согласил на ова.

Според британскиот медиуми, Хамас не ги држи сите заложници. Некои се задржани од други вооружени милитантни групи.

Тоа што се уште се заробени во Газа, ја компликува ситуацијата на израелските команданти кои планираат упад на територијата. Очигледно, заложниците имаат многу поголеми шанси да излезат живи ако тоа може да се направи со преговори, коментира Би-Би-Си.

Треба да знаете
Последни објави