Search

Најчести презимиња во Европа: Кое е во Македонија?

Најчесто презиме во Македонија е Стојановски и го користат 11033 лица, а зад него се Јовановска и Јовановски. Во нашето соседство, во Србија тоа е Јовановиќ, во Албанија – Хоџа, во Бугарија – Иванов, а во Грција – Пападопулос. Иванов е најзастапено презиме и во Естонија, Белорусија

Во Хрватска најчесто презиме е  Хорват, што значи токму Хрват. Интересно е  што истото презиме е најзастапено и во Словачка. Уште едно популарно презиме во Хрватска – Новак – се најде на тронот во три земји. Новак, што би значело нов доселеник, е најчестото презиме во Словенија, Полска и Чешка.

Во Унгарија повеќето луѓе го имаат презимето Наѓ, во Босна и Херцеговина – Хоџиќ, а во Црна Гора – Поповиќ.

Во Италија најмногу луѓе го имаат презимето Роси, Гарсија е најчестото презиме во Шпанија,  Силва во Португалија, а Мартин во Франција. Милер е најчесто презиме о Германија и во Швајцарија, а во Велика Британија тоа е Смит.

Борг е најчестото презиме во Малта.

 Инфографикот на најчестите презимиња во Европа покажува и како мигрирале луѓето, па оттука и фактот дека одредени презимиња се јавуваат како најзастапени во неколку земји.

Треба да знаете
Последни објави