Search

Пратениците од опозицијата во Албанија не дозволија почеток на пленарна седница

Денешната пленарна седница на албанскиот законодавен дом заврши пред да почне, откако опозициските пратеници ја блокираа говорницата и делот од каде влегуваат претставниците на владата, кои во истовреме се и пратеници.

Според албанските медиуми, околу 45 пратеници од опозицијата пред почетокот на пленарната седница имале жестока расправа со оние од социјалистичкото мнозинство.

– Судирите во Собранието доаѓаат како резултат на блокадата што социјалистичкото мнозинство кое не се согласува со формирањето анкетни комисии за неколку прашања, како и незастапеноста на опозицијата во Комисијата за изборни реформи, јави euronews.al.

Пратениците од опозицијата не се согласуваат координатор на нивната пратеничка група да биде Љуљзим Баша, што по негово барање го призна претседателката Линдита Никола. Според нив координаторот го избира пратеничката група а не „самопрогласен партиски лидер”. За нив координатор е Газменд Барди.

По зголемените тензии седницата беше одложена, поради, како што објави Никола, немање нормална атмосфера за работа.

Веднаш потоа по барање на пратеничката група на Социјалистичката партија, Секретаријатот за етика донесе одлука за исклучување од работата на 26 пратеници од опозицијата.

Меѓу оние кои 10 дена нема да учествуваат на пленарните седници се и Сали Бериша, Фламур Нока, Албана Вокши, Газмент Барди, Едмонд Спахо, Саимир Кореши. 

Пратеничката група на ДП брои 59 пратеници, меѓу кои се и тројца пратеници од Партијата на слободата, со која заедно настапија на изборите во април 2021 година.  

Треба да знаете
Последни објави