Search

Жена почина по јадење домашна пита, а две лица се во тешка состојба, се затруле од забранет пестицид

47-годишна жена почина, а маж и постара жена се во тешка здравствена состојба откако јаделе домашна пита со праз по што добиле симптоми на труење и веднаш побарале помош. Од Клиниката за токсикологија потврдија дека станува збор за труење од забранетиот пестицид, а случајот клиниката го пријавила во полиција.

Жената починала денеска, а двете лица се во лоша здравствена состојба, од кои едното лице е сѐ уште во кома на Карил, а другото се разбудило од кома, но во тешка здравствена состојба е префлено на Инфективната клиника, објави телевизија Алфа. Роднини на семејството за оваа трагедија кажале дека питата била зготвена од два вида на брашно и праз.

По известувањето од клиниката, МВР за случајот информираше преку дневниот билтен за медиумите.

„На 17 октомври во 12 часот во полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15 октомври кај нив за укажување лекарска помош биле донесени три лица од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“, соопшти полицијата.

Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.

Метомилот е опасен инсектицид кој во Македонија е забранет за употреба. Познат и како „ Ланата“ ова е отровот за кој се претпоставува дека е виновен и за труењето на многу кучиња низ цела држава. Станува збор за еден од најјаките отрови, забранет за продажба во земјоделските аптеки. Се употребува за прскање на овошките и доста е ефикасен, но останува можноста за злоупотреби.

Станува збор за еден од најјаките отрови, забранет за продажба во земјоделските аптеки. Се употребува за прскање на овошките и доста е ефикасен, но останува можноста за злоупотреби. Еден грам метомил убива човек од 70 килограми, нервен отров кој предизвикува грчеви во мускулатурата, огромно лачење на плунка, оток во белите дробови, пена во устата и на крај доаѓа до депресија на центарот за дишење, кома и смрт.

Треба да знаете
Последни објави