Search

Бурата Бабет стигна до бреговите на Британија, повеќе од 400 домови беа евакуирани

Бурата Бабет стигна до бреговите на Англија, Шкотска и Северна Ирска, а за крајбрежните области на тие земји вечерва има предупредувања за тешки временски услови.

Како што јави Скај Њус, на некои места биле издадени предупредувања за опасност по живот, а во градот Бречин во Шкотска на жителите им било кажано да се евакуираат.

Вкупно, повеќе од 400 домови беа евакуирани поради очекуваните поплави, а повеќе од 4.000 згради останаа без електрична енергија поради силните бранови и невремето.

Метеоролошката канцеларија во Велика Британија издаде црвено предупредување за делови од Шкотска бидејќи денеска и утре се очекуваат обилни врнежи, како и можност за големи поплави опасни по живот, а АП објави дека последен црвен метео аларм во Британија е издаден пред три години.

Властите и во другите северноевропски земји се подготвија за невреме кое доаѓа од исток, а данските медиуми објавија дека регионот најверојатно ќе биде погоден од најголемите поплави во последните 110 години

Треба да знаете
Последни објави