Search

Шаќири со американски конгресмени разговарал за поголема соработка во сферата на образованието

Продлабочување на соработката во сферата на образованието, размена на искуства и образовни концепти било дел од разговорите што деновиве ги имал министерот за образование и наука Јетон Шаќири при неговата посета на Соединетите Американски Држави.

Министерот Шаќири при посетата на САД остварил средби со конгресмените Роберт Адерхолд од Алабама и Пет Сешнс од Тексас, на кои било разговарано за можноста за соработка помеѓу македонските јавни (државни) училишта и универзитети со повеќе универзитети кои се на американската топ 25 листа.

Министерот за образование најави повеќе детали за можноста за потпишување на договори за соработка со институциите од американскиот образовен систем со домашните институции по неговото вараќање од Соединетите Американски Држави.

Треба да знаете
Последни објави