Search

Словенија го подигна нивото на терористичка закана, утре собир за поддршка на Палестина

Словенија денеска поради настаните на Блискиот Исток ја подигна заканата од тероризам на средно ниво, што е трето од петте нивоа на опасност, пренесува порталот 24ур.

Како што соопшти словенечкиот парламент, Комитетот за контрола на разузнавачките и безбедносните служби на итна седница се запозна со оценката за безбедносната закана „во случај на можни антиизраелски протести во Словенија“ и со „активностите на надгледуваните служби во оваа насока“.

За утре во 17 часот на Трг Република во Љубљана е најавен митинг за поддршка на Палестина.

Австрија претходно денеска го подигна нивото на терористичка закана на второ, највисоко (портокалово) ниво и донесе одлука во следниот период речиси 200 војници да излезат на улиците, пред се во Виена.

Треба да знаете
Последни објави