Search

Сите набавки се транспарентни, согласно Законот за јавни набавки

 АД ЕСМ потпиша Договор за рамковна спогодба за јавна набавка за Сервис и редовни периодични прегледи на гасни мотори во Подружница Енергетика Скопје со економскиот оператор „Спектартермо“ ДОО Скопје.

Според ЕСМ, компанијата „Спектартермо“ е единствена компанија која има лиценца за извршување на ваква дејност. Официјална лиценца претходно имала компанијата „Флекспауер“, но годинава им е одземена лиценцата од производителот и е дадена е на нова компанија.

-Согласно Законот за јавни набавки, кога се работи со преговарање, а се преговара само и единствено со компании кои се овластени и единствени за вршење на одредена дејност, АД ЕСМ продолжува со преговорите со оние кои ја имале лиценцата, во овој случај се работи за компанијата „Спектартермо“ која е единствена која има лиценца за вршење на оваа дејност, наведува ЕСМ и додава дека јавната набавка е спроведена согласно Законот за јавни набавки и Бирото за јавни набавки. 

Треба да знаете
Последни објави