Search

Русија го запре печатењето на новите банкноти од 1.000 рубљи по жалбите на свештениците

Централната банка на Русија го запре печатењето на новата банкнота од 1.000 рубљи, откако православните свештеници се пожалија дека на сликата на куполата на црквата и недостасува крст – иако во реалноста таа и нема крст, објави Гардиен.

Банката претстави нови дизајни на банкнотите од 1.000 и 5.000 рубљи претходно оваа недела.

Еден од нив имаше две верски објекта во мнозински муслиманска република Татарстан: минаре со исламска полумесечина и православна црква со купола на која немаше крст. Двата се во казанскиот Кремљ, во главниот град на Татарстан.

Крстот на црквата од 17 век бил отстранет од болшевиците по револуцијата во 1917 година. Зградата сега служи како државен музеј.

Но, недостигот на крстот брзо го навлече гневот на православните свештеници.

Павел Островски, свештеник, на Телеграм рече дека се работи или за „глупост на дизајнерите“ или за „намерна провокација“ од „следбениците на исламот“ во Татарстан. Славниот свештеник, кој има 174.000 следбеници на апликацијата, рече дека „нема разлика како изгледа објектот во реалниот живот“ бидејќи повеќето Руси не ја знаат нејзината историја.

„Во моментов е донесена одлука да се запре производството на банкнотите“, соопшти Централната банка денес.

Руската православна црква ја поздрави одлуката како „многу коректна“.

Нејзиниот портпарол, Владимир Легојда, рече дека православниот крст „го персонифицира верскиот и културниот идентитет на мнозинството наши граѓани и е природен дел од државните симболи на нашата земја“.

Треба да знаете
Последни објави