Search

Нетанјаху: Израел ќе се обиде да ги заштити цивилите во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на денешната средба со американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Израел ќе се обиде да избегне цивилни жртви за време на конфликтот во Појасот Газа.

Според израелскиот премиер, војната во Газа е предизвикувачка поради тактиката на палестинскиот Хамас.

За време на брифингот за медиумите, Нетанјаху посочи дека „ова ќе биде поинаков вид на војна бидејќи Хамас е друг вид непријател“.

„Се додека сме во оваа војна, Израел ќе направи се што може за да ги заштити цивилите од опасност“, рече Нетанјаху.

Треба да знаете
Последни објави