Search

Караванот Ние сме Европа предводена од вицепремиерот Маричиќ во посета на Куќата на Робевци во Охид

„Нашата цел и задача е да се заштитува македонското културно наследство,  да се обезбеди национално знаење и да се зачува македонскиот идентитет во рамки на европското семејство. Почитувањето на различните културни и традиционални вредности е една од клучните вредности во Европската унија“ – изјави вицепремирот Маричи при денешната посета на Охрид и Куќата на Робевци во рамките на караванот „Ние сме Европа“.

Тој рече дека македонскиот интегриран идентитет, значи идентитет кој се промовира и заштитува рамо до рамо со останатите, идентитет кој е жив, кој се развива и постојано се засилува токму преку зачувување на културното и природното богатство. Идентитетот  на државата којај се грижи за своите корени и историја, но и се отвора кон нови идеи и влијанија е тој што добива почит од сите нас но и од пошироката светска јавност.

„Во Северна Македонија, иднината се создава преку соработка, размена на знаење и взаемно почитување. Природната убавина, како и културното богатство се чуваат преку заштита на животната средина, почит кон националното наследство со кое располагаме, негово негување и зачувување. Убавината која ја краси овој регион е наследство кое ние имаме задача да го одржиме и да го заштитиме за кое ќе сведочат нашите поколенија во иднина. Сведоци сме на изложените артефакти пронајдени на локалитети во градот Охрид (Плаошник, Горна Порта, Самоилова Тврдина и др.) и поширокиот Охридски регион. Предмети кои потекнуваат од различни периоди, почнувајќи од раниот неолит , останатите праисториски епохи, антиката, па се до средниот век. Во собата се изложени златни и позлатени предмети со временска припадност од 7. век пне до 4. век од н.е. И доколку сме успеале да ги пронајдеме и заштитиме, наша цел е да создадеме услови да ги пренесеме во македонската колективна меморија“, рече Маричиќ.  

На посетата во куќата на Робевци, присуствуваа вицепремиерот Маричиќ, амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер и директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски заедно со директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Ирена Шајн.​

Треба да знаете
Последни објави