Search

Израелската армија објави видео од нападот на болницата во Газа

„Ова е трагичен резултат од истрелувањето ракети од густо населените места“, се наведува заедно со видеото објавено на официјалниот Твитер профил на израелската армија откако болницата била нападната без никакво претходно предупредување.

Палестинското Министерство за здравство во Газа ја опиша ситуацијата во болницата Ал Ахли како „неискажлива“.

„Лекарите вршат операции на подот и во ходниците, а некои од пациентите се оставени без анестезија“, изјави портпаролот на министерството д-р Ашраф Ал Кудра во соопштение објавено на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави