Search

Грифитс: ОН ќе спроведат сопствена истрага за нападот во болница

Обединетите нации ќе спроведат сопствена истрага за нападот на болницата „Ал Ахли“ во Појасот Газа, изјави денеска потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош Мартин Грифитс.

„ОН сигурно ќе спроведат сопствена истрага и тоа мора да се направи многу брзо“, изјави Грифитс за Си-Ен-Ен.

Запрашан дали доказите што досега ги презентираше Израел во поткрепа на неговото тврдење дека не е одговорен за нападот на болницата значат дека случајот е завршен, Грифитс рече дека тоа не е за него.

„За мене не е готово затоа што не сум повикан да судам за кршење на човековите права и злосторства од тој вид“, рече тој.

Грифитс, исто така, рече дека ОН се подготвени да обезбедат хуманитарна помош и повика на прекин на воздушните напади во областите каде што е потребен пристап. Тој потсети и дека меѓународното хуманитарно право забранува воздушни напади врз цивилни објекти, како и врз цивилна инфраструктура.

Американскиот претседател Џозеф Бајден на денешната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот на болницата не го извршил Израел, туку, најверојатно, „спротивниот тим“.

Властите во Газа го обвинуваат Израел за нападот, додека Тел Авив тврди дека разузнавачките информации укажуваат дека причината е неуспешното лансирање ракета на Исламски џихад.

Треба да знаете
Последни објави