Search

Алкараз се повлече од турнирот во Базел

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од турнирот во Базел кој е дел од серијата 500. Причината се болки во левата нога.

Со тоа Алкараз пропушти шанса да освои нови 500 поени на АТП листата и не само тоа, ќе ги загуби и 180-те кои му припаѓаат врз основа на полуфиналето одиграно минатата сезона кога загуби од Феликс Огер-Алиасиме.

Кога ќе се повлече линијата на 29 октомври, Карлос Алкараз ќе биде на второто место со 8.625 бодови, додека Новак Ѓоковиќ ќе има 11.045 бодови, исто толку и сега, бидејќи лани во тој период не играше никаде.

Наводно, Алкараз има проблем со стапалото на левата нога и со глутеалниот мускул.

Треба да знаете
Последни објави