Search

Хрватскиот претседател Милановиќ од утре во дводневна официјална посета на Албанија

Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, на 18 и 19 октомври ќе престојува во официјална посета на Албанија на покана на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, информираа од кабинетот на Бегај.

За време на посетата Милановиќ ќе биде придружуван од првата дама на Хрватска, Сања Мусиќ- Милановиќ и официјална делегација.

-Со сите државнички почести претседателот Бегај ќе го дочека хрватскиот колега Милановиќ, по што следува одвоена средба, а потоа и на двете делегации, по што ќе одржат прес-конференција, додаваат од кабинетот.

Претседателите во четврток ќе го посетат градот Берат, познат по културно историски споменици и е под заштита на УНЕСКО. 

Треба да знаете
Последни објави