Search

Хамас: Имаме меѓу 200 и 250 затвореници од Израел

Портпаролот на милитантното крило на Хамас, бригадата Ал Касам Абу Убаида денеска изјави дека во Појасот Газа има меѓу 200 и 250 заложници од Израел, додавајќи дека тие ќе бидат ослободени кога ќе се исполнат условите на теренот.

„Проценуваме дека бројот на затвореници што ги држиме е меѓу 200 и 250, а 22 од нив се убиени досега за време на војната“, рече Убаида, додавајќи дека последниот е убиен во воздушните напади на израелските сили, според палестинската ТВ Акса.

Тој истакна дека меѓу „приведените“ има и лица од други националности.

„Не го проверивме нивниот идентитет за време на борбите и ги сметаме за наши гости“, рече Убаида.

Тој додаде дека Израел намерно извршил „варварска и брутална агресија врз палестинскиот народ, наместо да се соочи со борците на теренот“.

„Ционистичкиот непријател не очекуваше дека арапските сили опколени во Газа ќе го нанесат најтешкиот удар во нејзината историја“, рече Убаида.

Според него, Хамас не е исплашен од заканата на израелската армија дека ќе изврши копнен напад врз Појасот Газа.

Треба да знаете
Последни објави