Search

Франција воведува ограничување на употребата на хербициди поради опасност по здравјето на децата

Француската агенција за здравствена безбедност (ANSES) ја ограничи употребата на просулфокарб, хербицид за уништување на плевелите, поради ризикот од кожни реакции кај децата.

Исто така, таа се закани дека ќе го забрани следниот јуни доколку производителите не можат да докажат дека новите правила што ги воведоа се ефективни, објави Ројтерс, повикувајќи се на „Агроклуб“.

Како што е објаснето, агенсот се користи на житарки како пченица, јачмен и ‘рж и кај коренест зеленчук, како што се компири и моркови. Просулфокарб е втор само по глифосат по употреба во Франција, која е најголемиот земјоделски производител во Европската унија.

Во случајот на овој хербицид, ANSES не може да го исклучи надминувањето на безбедносните граници, главно преку изложување на кожата, за деца кои се на помалку од 10 метри оддалеченост од културата за време на третманот.

Затоа, земјоделците прво добија обврска да ја намалат употребата на просулфокарб по хектар за 40 отсто и да користат прскалки на распрскувачите кои ја намалуваат дисперзијата на супстанцијата во воздухот за 90 отсто, од најмалку 66 отсто досега.

Експертите забележуваат дека вакви млазници веќе се користат во Германија, Белгија и Холандија. Исто така, наредено е минимално растојание од 10 метри од станбени места.

Земјоделците ќе треба да докажат дека се усогласени со новите мерки, додека производителите на овој многу испарлив уништувач на плевел ќе треба да достават докази дека изменетите правила стапуваат во сила до 30 јуни 2024 година.

Една од причините за воведувањето на овие мерки е дисперзијата на овој хербицид, што сепак може да предизвика економски загуби за земјоделските производители. Надлежните потсетуваат дека во 2021 година морало да биде уништено големо количество органска леќата, бидејќи во неа била откриена содржина на просулфокарб значително над максималната граница. Културата се наоѓала во близина на полето каде што се користел овој пестицид.

Минатиот месец, Европската унија го обнови одобрението за ставање во промет на овој хербицид до 31 јануари 2027 година. Инаку, продажбата во Франција се зголеми седум пати во изминатите 10 години и достигна 7.400 тони во 2022 година, пред се поради помалата употреба на други убијци на плевелот .

Треба да знаете
Последни објави