Search

Охрабрувачки медицински истражувања за подобро здравје

Вежбање за подобра меморија

Вежбаме за да ја намалиме телесната тежина, да го ослободиме стресот или да го намалиме ризикот од хронични и срцеви заболувања. Сепак, физичката активност може да ни помогне да размислуваме појасно и да ја спречиме деменцијата која ни се заканува со староста.

Чоколадо

Бројни истражувања покажаа дека е добро да се засладите со темно чоколадо, коцки или две. Истражувањата заклучија дека темното чоколадо може да го намали ризикот од мозочен удар, срцев удар и дијабетес. Под услов да содржи минимум 70 проценти какао.

Помалку, но редовно вежбање е поефикасно

Истражувањето спроведено во Данска покажа дека умерено дебели жени кои редовно вежбале по 30 минути дневно во текот на три месеци изгубиле значително повеќе килограми од мажите кои вежбале најмалку еден час неколку пати неделно.

Дневна дремка

Продуктивноста, според најновите студии, може да скокне за 20 проценти ако спиете само 30 минути во текот на денот.

Стресот понекогаш е пожелен

Стресот е составен дел од животот, понекогаш дури и добар за здравјето. На пример, може да не мотивира да дадеме се од себе, да го зголеми протокот на крв (што го прави сличен на ефектите од вежбањето) и да направи да се чувствуваме силни и способни.

Бакнежите согоруваат калории

Бакнежите го намалуваат стресот, согоруваат калории и им помагаат на забите да се ослободат од бактериите, заклучува едно истражување.

Треба да знаете
Последни објави