Search

Колумбија му нареди на израелскиот амбасадор да ја напушти земјата

Колумбискиот министер за надворешни работи Алваро Лејва денеска побара од израелскиот амбасадор „да се извини и да ја напушти земјата“, по реакцијата на израелската дипломатија на коментарите на колумбискиот претседател Густаво Петро за конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Преку својата сметка на платформата „Х“, Леви ги оцени како „безобразна дрскост“ зборовите на израелскиот амбасадор Гали Даган упатени до претседателот Пeтро, кој ја спореди израелската акција против Газа како одмазда по насилните напади на Хамас со прогонот на Евреите од страна на нацисти.

Колумбискиот претседател објави неколку пораки по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, споредувајќи ги, меѓу другото, одмаздничките мерки на Израел против Газа со прогонот на Евреите од нацистите. Тие предизвикаа жестока размена со израелскиот амбасадор преку мрежата „Х“.

Реакциите следеа еден ден по објавата на Израел, еден од главните снабдувачи со оружје на колумбиската армија, дека го прекинува извозот во таа земја од безбедносни причини, откако изјавите на Петро беа оценети како „непријателски и антисемитски“.

По најавата на израелскиот министер за одбрана за целосна опсада на Газа, и неговите забелешки дека се бори против „животни“, Петро напиша: „Така рекоа нацистите за Евреите. Демократските народи не можат да дозволат нацизмот повторно да се вкорени во меѓународната политика“.

Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Лиор Хајат во неделата изјави дека амбасадорката на Колумбија во Израел, Маргарита Манџарес, била повикана на разовор по „непријателските и антисемитски изјави на Петро“, обвинувајќи го за „искажување поддршка за злосторствата извршени од терористите на Хамас“, поттикнувајќи антисемитизам, дека влијае врз претставниците на државата Израел и го загрозува мирот на еврејската заедница во Колумбија.

Како одговор, Петро рече дека неговата земја не поддржува „геноцид“.

„Ако треба да ги прекинеме односите со Израел, ќе ги раскинеме“, изјави Петро.

Треба да знаете
Последни објави