Search

Полицијата заплени нелегално огревно дрво во возило во кое сопатник бил вработен во Шумско стопанство

На 12.10.2023, при контроли во атарот на струшкото село Вишни, извршени од полициски службеници од Одделението за сузбивање на економски криминал и корупција при МВР и од ОВР Струга запрено е товарно возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управувано од А.И.(34) од струшкото село Радолишта, во кое сопатник бил  С.П.(56) од Вевчани, вработен во Шумското стопанство „Јабланица” од Струга.

Притоа, било констатирано дека во возилото нелегално се превезуваат 16 метри кубни огревно дрво, кое заедно со други предмети, по насоки на јавен обвинител, се одземени и предадени на Шумската полиција.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави