Search

Партијата на европските социјалисти го суспендираше членството на словачките партии „Смер“ и „Глас“

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) го суспендираше членството на словачките партии „Смер“ и „Глас“, поради нивниот политички курс и одлуката новата Влада на Словачка да ја формираат во коалиција со партијата на екстремната десница.

На предлог на раководството на ПЕС, претседателството на партијата одлучи да го замрзне полноправното членство на партијата „Смер“ на донеодамнешниот словачкиот премиер Роберт Фицо, и придружното членство на партијата „Глас“ на коалицискиот партнер на Фицо, Петер Пелегрини, соопшти вчера ПЕС.

„Тој чекор е преземен по јасното отстапување од вредностите што ги споделува семејството ПЕС, а кои ги демонстрираше „Смер“ на Роберт Фицо“, се наведува во соопштението.

„Покрај тоа, и како резултат на загриженоста по најавата дека владејачката коалиција (во Словачка) ќе биде формирана од „Смер-СД“, „Глас-СД“ и радикално десничарска партија“, се додава во соопштението.

ПЕС е паневропска партија која собира партии од левиот центар од земјите на ЕУ, Велика Британија, Норвешка, како и поврзани членки од неколку други европски земји, вклучително и држави од Западен Балкан.

Во Европскиот парламент, таа ја формира политичката група Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите, која во моментов има 143 пратеници од 25 земји. 

Треба да знаете
Последни објави