Search

ОН се подготвуваат за состанок зад затворени врати за војната меѓу Израел и Хамас

Советот за безбедност на ОН вечерва треба да се состане зад затворени врати за да разговара за војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас, бидејќи Палестинците почнаа да се повлекуваат од северниот дел на Газа по наредба на израелската армија.

Денешниот состанок на Советот за безбедност на ОН беше закажан пред израелската војска да издаде наредба за евакуација, што дополнително ја зголеми итноста на состанокот. ОН соопштија дека наредбата влијае на 1,1 милион луѓе, околу половина од населението во Газа, и може да ја претвори веќе тешката хуманитарна криза во катастрофа.

Советот за безбедност го заврши состанокот зад затворени врати за борбите меѓу Израел и Хамас во саботата без никаква колективна порака. На тој состанок, САД неуспешно инсистираа сите 15 членки на Советот за безбедност остро да го осудат Хамас. Советот за безбедност е најмоќното тело на Обединетите нации, а поделбите во него се интензивираа од почетокот на руската војна во Украина.

Треба да знаете
Последни објави