Search

Евакуираните македонски граѓани од Израел слетаа на скопскиот аеродром

Македонските државјани кои беа евакуирани од Израел со авионот на „Ер-Србија“ денеска поладнево пристигнаа на Меѓународниот аеродром „Скопје“. Превозот со чартер-лет, на релација Тел Авив – Скопје, беше организиран согласно одлуката донесена од страна на Владата заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаа да го напуштат Израел.

Владата вчера информираше дека во услови на целосно откажани летови и блокиран авиотранспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер-лет е надминат преку соработка со „Ер Србија“, а трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот. 

Треба да знаете
Последни објави