Search

Добра вест: Наскоро вадење на лични документи без закажување

Министерството за внатрешни работи вложува напори за креирање на нов пункт, каде секој без претходно закажување ќе може да извади нови лични документи.

Тоа пред некој ден го потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Досега според нашата евиденција околу еден милион граѓани имаат документи со новото име на државата. Ние веќе подготвуваме еден посебен простор во Градот Скопје со инсталирање нови работни позиции, нови работни станици, на кои граѓаните ќе можат да извршат дактилоскопирање, сликање итн. за новите лични документи. Веќе во наредните денови ќе бидеме подготвени и ќе можеме да ги отвориме новите позиции во кои граѓаните ќе можат дури и без најава да дојдат и да ги менуваат своите документи“ рече Спасовски. 

Инаку според закон сите лични документи кои не се со новото име на државата треба да се променат најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави