Search

Битиќи: Проекциите на Владата за реален економски раст од 2,5% во 2023 се потврдени и од ММФ

Во последниот World Economic Outlook извештај на Меѓународниот Монетарен Фонд проекциите за Северна Македонија се дека во оваа 2023 година ќе се оствари реален економски раст од 2,5%, што е на иста линија на проекцијата на Владата. Проекциите за нашиот најголем извозен пазар Германија се дека економијата во 2023 ќе оствари реален пад од -0,5%, додека останатите земји со кои остваруваме најголема надворешно трговска размена проекциите се следни: Обединетото Кралство 0,5%, Грција 2,5%, Србија 2,0%, Кина 5,0%. 

Ова го објави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи на своите профили на социјалните мрежи. 

Според него, падот на економијата на Германија за нас ќе има негативно влијание, но додаде дека тој и Владата ќе сторат се за да се справат и со тој предизвик.

„Негативниот раст, односно падот на економијата на моторот на ЕУ, Германија, е еден од клучните фактори кои влијаат врз случувањата во нашата економија, и објективно силно влијае врз економската активност во нашата земја. И покрај ваквите објективно отежнителни околности, јас како Вицепремиер за Економски прашања, во координација со сите економски ресори остануваме максимално посвњетени на остварување на што е можно поголем економски раст до крајот на оваа година, и зголемување на истиот за наредната 2024 година. Проекциите за наредната година за нашата земја се дека економијата ќе расне со 3,2%, додека реалниот економски раст на целокупната светска економија се очекува да биде 2,9%. Развиените економии се очекува наредната 2024 да раснат со просечна стапка од 1,4%, додека земјите во развој ќе остварат економски раст од 4,0% според последните проекции на ММФ“ информира Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави