Search

Почна седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Почна седницата на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија на која ќе има сослушување на сведоци и експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во Универзитетската клиника.

Први на сослушувањето, како што и претходно најави претседателката на Анкетната комисија, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, поканети се поранешниот министер за здравство, како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Додека министерот Спасовски синоќа за „360 степени“ на МРТ1, прашан за случајот Онкологија, рече дека очекува дека сите факти и аргументи да бидат потврдени, обезбедени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што порача, виновникот секогаш има име и презиме. 

Мизхраи, на вчерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, посочи дека како политичка партија поднеле дури 44 сведоци кои ќе треба да сведочат во врска со случајот со Онкологија. 

Треба да знаете
Последни објави