Search

Клековски ја потврди кредибилноста на агенцијата Стратум која ја спроведе анкетата на Фокус

„Стратум работи политички рејтинзи подолго од една деценија еден долг период Стратум е релативно нова агенција на полето на партиски политички рејтинзи иако основачот не е нов во истражувачкиот свет значи основачот на Стратум е жена која е најдолго присуствува во истражувањето на Македонија“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Според него анкетите треба да служат за да се прикаже какво е расположението на граѓаните и да не се користат за креирање на лажни перцепции.

Анкетата изработена од Стратум, а нарачана од „Фокус“, покажува дека внатрешните поделби во ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за пад на рејтингот на опозициската партија, но и подобрување на рејтигот на владејачката СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се изјасниле дека би гласале 10.1% од испитаните граѓаните додека пак за нова партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9.2% од граѓаните.

Од друга страна, за СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15.8% од испитаниците и во вакви околности владејачката партија избива на прво место.

Ваквите резултати покажуваат дека од раздорот во ВМРО-ДПМНЕ директна корист има СДСМ, што пак може да се види и од рејтигот на политичарите, каде што повторно Димитар Ковачевски е политичарот со најголема доверба меѓу граѓаните.

На прашањето кој ви е омилен политичар, за Димитар Ковачевски се изјасниле 12.8% од граѓаните и води пред Никола Груевски за кого се изјасниле 11.1% од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле 10.5% кој моментално е на третото место.

Треба да знаете
Последни објави