Search

Владата до крајот на месецот ќе излезе со нови мерки за пензионерите

Извештајот од работната група за пензионерите е подготвен и ќе биде проследен до владата која ќе одлучува какви мерки ќе се преземат за да им се помогне на пензионерите.

Ова денеска го најави министерската за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

„Го добив извештајот од работната група, ќе го проследам до Влада и на седница на влада ќе одлучиме какви мерки ќе креираме. Верувам дека до крајот на месецот ќе имаме конкретни мерки со кои ќе го поддржиме животниот стандард на пензионерите, особено на оние со ниски пензии“ порача Тренчевска.

Инаку одредени здруженија на пензионери протестираат и бараат линеарно зголемување на пензиите од по 5.000 денари, по што беше формирана работна група од сите засегнати страни која треба да предложи дополнителни мерки за пензионерите. 

Согласно методологијата на раст на пензиите, септемвриската пензија се зголеми за 5,3 проценти, со што минималната пензија која до сега изнесуваше 12.500, отсега се зголемува на над 13.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави