Во Полска се одржуваат избори

Во Полска оваа недела се одржуваат избори на кои аналитичарите велат дека ќе ги добијат владејачките популисти, ставајќи ја земјата на потенцијален курс на судир со Украина и ЕУ.

Последните анкети покажуваат дека партијата Право и правда (ПиС) има 32 до 34 отсто, неколку поени пред Граѓанската коалиција (КО) предводена од поранешниот шеф на ЕУ, Доналд Туск.

Но, конечниот резултат најверојатно ќе зависи од тоа кој од двајцата може да изгради владина коалиција. Иако Право и Правда трет пат по ред треба да добие најмногу гласови на парламентарните избори, се чини дека нема да можат да добијат мнозинство, пренесуваат француските медиуми. 

Најочигледен партнер е крајнодесничарската партија Конфедерација, која сака Полска да ја прекине помошта за Украина и ги критикуваше правата на украинските бегалци. Но, рејтингот на опозицијата расте според последните анкети и коалицијата од три опозициски партии може да има поголеми шанси да формира влада. 

Треба да знаете
Последни објави