Search

Битиќи: Во септември најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци

Инфлацијата за месец септември 2023 според официјалните податоци на ДЗС изнесува 6,6% што е најниска стапка на покачување на трошоците на живот која е измерена во државава во последниве 20 месеци, во кои поради војната во Украина, енергетската криза и кризата со нарушените синџири на снабдување достигна галопирачки размери регистрирајќи ја својата пик вредност во октомври 2022 кога изнесуваше 19,8%, објави вицепремиерот за економска прашања Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.

Таквото постојано намалување на инфлацијтата, според него, се должи на мерките што Владата ги преземала во изминатиот период.

„Овој тренд на намалување, кој трае веќе 11 последователни месеци, секако очекуваме да продолжи до крајот на годината, пред се поради пакетот мерки преземени од страна на Владата и надлежните институции, што според моите како и според очекувањата на експертската јавност би требало стапката на трошоците на живот да ја сведат под 5%, за истата веќе во наредната 2024 година да биде во рамки на прифатливите 2-3%, како што истата беше пред почетокот на оваа криза. Повторно ќе напоменам дека овој инфлаторен притисок е генерално увезен, водејќи се од големите скокови на цените на електричната енергија во втората половина од ланската како и скоро цела оваа 2023 година, дополнително проследени со нарушени синџири на снабдување на голем дел од: прехранбените производи, нафтените деривати како и скоро сите останати производи каде ние како земја или воопшто немаме домашно производство, или истото е целосно увозно зависно“ пишува Битиќи

Треба да знаете
Последни објави