Search

Абас: Единственото решение за Појасот Газа е да се стави крај на израелската окупација на Палестина

 Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека единственото политичко решение за деескалација на конфликтот во регионот на Појасот Газа е „крај на израелската окупација на Палестина“.

Тој во телефонски разговор со алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун рече дека е неопходно да се работи со сите страни за да се запре агресијата на Израел.

„Воспоставувањето безбедност и мир во регионот бара прекин на окупацијата на земјата на Палестина, со Ерусалим како главен град“, рече Абас.

Треба да знаете
Последни објави