Search

Втор авион од Белград тргна за Тел Авив да ги преземе српските државјани, се враќа вечерва

Првиот авион на Ер Србија од Тел Авив утрово околу 10 часот слета на белградскиот аеродром со повратници. Почесниот конзул на Србија во Израел соопшти дека во понеделник и вторник се планирани уште два лета за српските државјани во Израел.

Но, српските медиуми јавуваат дека веќе денеска уште еден авион полетал кон Тел Авив и планирано е вечерва во 21:40 часот од Тел Авив да замине за Белград.

Порталот Aero.rs пишува дека за овој лет бил ангажиран Ербас А319 (YU-APF), кој може да превезува меѓу 138 и 144 патници.

Авиокомпанијата забележува дека Министерството за надворешни работи на Република Србија е одговорно за списокот на патници за летот и дека патниците треба да се обратат до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Србија во Израел или Министерството за надворешни работи на Република Србија за сите прашања.

Треба да знаете
Последни објави