Search

Мирчеа Џоана: Тешка година за регионот на Западен Балкан

Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана денеска изјави дека оваа година била тешка за регионот на Западен Балкан.

„Годината зад нас за овој регион е тешка, се уште се соочуваме со зголемени тензии“, рече Џоана на форумот To be Secure во Будва.

Тој потсети на нападот врз патролата на косовската полиција, во кој загина еден полицаец, а неколку лица беа повредени.

„Ова мора да престане. КФОР внимателно ја следи ситуацијата на терен и ние сме подготвени да дејствуваме. Неутралноста и непристрасноста се од клучно значење за успехот на нашите мисии“, рече Џоана.

НАТО, како што наведе, силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој го води Европската Унија.

„Останатите прашања можат да се решат само со политички договор, затоа се неопходни верба, трпение, истрајност и компромис. Време е за деескалација“, истакна Џоана.

Тој рече дека, во исто време, во Босна и Херцеговина реториката на сепаратизам предизвикува загриженост. НАТО, како што рече Јоана, силно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и напорите за евроатлански реформи.

Според него, тоа се однесува на целиот Западен Балкан.

„Ова се тешки времиња, нашите вредности – слободата, демократијата, владеењето на правото се на удар, не само на Западен Балкан, туку и надвор од тој регион“, рече Џоана.

Според него, најочигледна демонстрација за тоа е руската агресија врз Украина. 

Треба да знаете
Последни објави