Search

Градска.мк: Поликлиниката што ја вети Костовски, бутелчани ја гледаат само на слика

Поминува времето на лажните ветувања, поминува времето на лажните градоначалници, вака велеше пред избори  градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Градска.мк

Костовски официјално ја презеде функцијата на 25 октомври 2021 година, а исто времено ветуваше дека во првиот месец по земање на функцијата  ќе го отстапи општинската зграда на Министерството за здравство за да служи како поликлиника. Две години после победата на Локалните избори во 2021 ништо од ова ветување, луксузната зграда на општина Бутел остана за градоначалникот.

Потребата за поликлиника жителите на Бутел ја изразија и преку протест на 26.09.2020 година.

Фото: Предизборна кампања на Дарко Костовски, за поликлиниката во Бутел

Во јуни граѓаните од општина Бутел добија монтажен објект, а гадоначалникот вината ја префрли на министерството за здравство, кои наводно не го дислоцирале овој објект за да може тој да гради, а Владата пак не му давала дозвола.

Сепак Владата уште во јануари 2020 година донесе одлука за итна изградба на поликлиника во Општина Бутел, врз основа на позитивното мислење на Министерството за здравство со оглед дека во планираната фискална 2020 година за оваа намена се предвидени средства во Буџетот на Република Северна Македонија.

Како дел од оваа точка Владата донесе заклучок да ѝ препорача на Општина Бутел да го донесе деталниот урбанистички план, а потоа врз основа на издаден Извод од план за градежна парцела на која се планира изградбата на Поликлиниката Бутел да се утврдат и дефинираат програмските барања за изработка на Основен проект за изградба на Поликлиниката Бутел.

Сепак во ДУП-от донесен во 2022 година може да се види дека не е планирана поликлиника, туку се во најголем дел комерцијални и деловни објекти, трговси центри итн.

Градска.мк испрати прашања до општината во врска со планот за поликлиниката, но не добивме одговор до објавувањето на текстот.

Фото/Градска редакција

Иако изградено од Министерството за Образование, основното училиште во Визбегово која спаѓа под општина Бутел не е во функција. Проблем како што велеше Министерот за образование е општина Бутел и градоначалникот, според министерот на потег е Костовски кој не сака да го отвори.

Исто така улиците кои водат до училиште се како од средниот век , неасфалтирани и пусти. Жителите на куќите во Визбегово кои живеат на овој крај од општина Бутел веќе неколку години бараат нивните улици да бидат асфалтирани, пред изборно им било ветено дека ќе се асфалтираат и конечно ќе бидат решени нивните маки. Според жителите нај голема мака имаат во зима кога нивните деца треба да идат на училиште кое е далеку со километри.

Треба да знаете
Последни објави