Search

Голоб: Решението за Косово се избори за легитимната власт, потоа за ЗСО

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека за да се реши кризата во Косово, прво мора да се одржат нови избори за легитимна власт во српските општини, а потоа „да се бара решение за автономијата“ на српското население.

Голоб ова го изјави при доаѓањето на самитот на европската политичка заедница во Гранада и нагласи дека за ова е неопходно „сите да учествуваат на вонредните избори, а тоа значи и српските граѓани“ и рече дека сè што се случи во последните недели е за осуда.

– И тоа значи дека меѓународната заедница ги осудува поединците кои навистина стојат зад ескалацијата и вооружените конфликти, а Словенија најостро ги осудува поединците кои ги воделе и учествувале во тие настани, додаде тој.

На новинарско прашање дали поради тие настани ЕУ размислува за санкции против Србија, словенечкиот премиер одговори дека за тоа нема дискусија и изјави дека „мора да се биде внимателен, доследен и упорен“.

Важно е, како што истакна, „да се утврди вината на поединци и да се намали тензијата додека не се расчисти и да се бара трајно решение“.

– Не верувам дека санкциите сами по себе можат да доведат до трајно решение, а доколку тоа е неопходно и ако се усвои единствен став (во ЕУ), Словенија ќе се приклучи кон тоа, заклучи Голоб

Треба да знаете
Последни објави