Search

„Октоберфест“ годинава со рекордни 7,2 милиони посетители

Германскиот Фестивал на пивото во Минхен, „Октоберфест“ годинава го посетиле рекордни 7,2 милиони луѓе. Настанот траеше од 16 септември до вчера, 3 октомври.

Ова е само третпат во историјата, по 1984. и 1985 година, овој настан да биде посетен од повеќе од седум милиони луѓе, пишува „Бајеришер рундфунк“ (Bayerischer Rundfunk).

Собирот годинава траеше 18 дена – два дена подолго од вообичаеното, поради националниот празник Ден на германското единство којшто се слави на 3 октомври.

Треба да знаете
Последни објави