Search

Сунак: Британија е подготвена да ја поддржи Украина сè додека е потребно

Британскиот премиер Риши Сунак за време на денешната видео-конференција на која учествуваа лидерите на земјите од Г7 и членките на НАТО изјави дека Велика Британија е подготвена да ја поддржи Украина воено, хуманитарно и економско „колку што е потребно“.

– Премиерот Риши Сунак зборуваше за тековната воена, хуманитарната и економска помош на Велика Британија за Украина и нагласи дека оваа поддршка ќе продолжи сè додека е потребно, соопшти Даунинг стрит.

Американскиот претседател Џозеф Бајден го организираше видео-повикот поради загриженоста дека поддршката за воените напори на Украина против Русија бледнее, особено во САД, каде што Конгресот ја исклучи помошта за Украина од итен закон за да се спречи делумен прекин на работата на владата.

Треба да знаете
Последни објави