Search

Николовски: Цената на струјата не се покачува, од декември се враќа дневната евтина тарифа, 02.10.2023 

Зад нас е грејна сезона во услови на криза,во која влеговме со неизвесност, но покажавме дека државата и инстиуциите имаат капацитет, сезоната помина без покачување на цената на струјата и без рестрикции, иако имаше и такви очекувања и коментари, истакна членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски, во интервју за емисијата „Во живо од градовите” на МТВ.

Николовски нагласи дека граѓаните можат да бидат спокојни во однос на снадбувањето со електричната енергија и за цената на струјата.

Државата, се грижи за граѓаните и создава услови цената на електричната енергија да не се покачува, порача Николовски, додавајќи дека од 1 декември се враќа и дневната евтина тарифа.

Николовски додаде дека сите политики, мерки и чекори, што се преземаат,  овозможуваат услови за сериозни иневстиции во зелената енергија, кои се од огормно значење за нашата држава и за граѓаните.

Имаме изобириле на сончеви денови, но и вода и ветер, со што имаме услови да бидеме центар за зелени инвестиции, рече Николовски, додавајќи дека покрај  најновата фотоволтаична централа во Новаци, има уште неколку огромни инвестиции, како агроволтаичниот парк „Стипион”, со капацитет од 400 мегавати, за кој наведе дека е новитет, каде што панелите се поставуваат повисоко, а на земјата од 270 хектари, под нив може да се одлгедуваат земјоделски култури.

Николовски од големите инвестиции во енергетиката ги издвои изградбата на хидроцентралата Чебрен, во вредност од над милијарда евра, со капацитет од  333 мегават часови и ветерниот парк Вирови со капацитет од 400 мегавати.

Инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори, се доказ дека државата ја реализира енергетската транзиција, да ја оствари својата цел, а тоа е да биде предводник во зелената енергија во регионот и во Европа, порача членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски, во разговор за македонската телевизија.

Треба да знаете
Последни објави