Search

Сончево со умерена облачност, во Скопје со слаб до умерен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во наредните денови, како што информираа од УХМР, следува период на стабилно време со умерена облачност. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамки на просекот за овој период од годината.

Треба да знаете
Последни објави