Search

Оклопни возила го опколија поранешниот дом на Радоичиќ, наводниот шеф на Србите кои ја нападнаа косовската полиција

Косовската полиција претресува најмалку една локација во северниот дел на Косовска Митровица. Полицијата е пред станбената зграда во која живеел Милан Радоичиќ, каде што се наоѓа и ресторанот Греј, пишува Нова.рс повикувајќи се на Радио Конткат плус.

Најмалку три оклопни возила на косовската полиција се пред ресторанот и станбената зграда. Улицата е блокирана за сообраќај на возила, но пешаците можат слободно да се движат. На влезот на улицата има двајца специјалци. Тоа е улица која води до градинка и основно училиште.

На улицата од спротива има едно возило на ЕУЛЕКС, додека подолу се уште три возила. КоССев пишува дека претреси не се вршат само во Косовска Митровица, туку и во Звечан и Зубин Поток. Да потсетиме, Милан Радоичиќ е потпретседател на Српската листа. Тој е на црната листа на САД и Велика Британија.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла пред неколку дена на својот Фејсбук објави видео од манастирот во кој се криеле напаѓачите, тврдејќи дека на снимката се гледа и Радоичиќ. Свечла го обвини Радоичиќ дека е „водач на терористичка група и за нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку“.

Треба да знаете
Последни објави