Search

Рама: КФОР треба да ја преземе контролата на северот во Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама рече дека КФОР ќе мора да ја преземе контролата на северот во Косово. Рама на прес-конференцијата посочи дека секое двоумење и одложување на ваквата одлука може да резултира со многу поголеми проблеми од она што се случи во неделата во Бањска.

Тој порача дека двете страни треба да се вратат на дијалог додека француско-германскиот план се уште е на маса.

„КФОР мора да ја преземе контролата врз северот на Косово. Овој предлог сум го дал многу пати, опширно објаснив зошто. Секое оправдување денес дека „немаме војници“ може да доведе до многу поголемо мешање со војници утре, но и до тешкотии.

Затоа сум денеска овде и мило ми е што тоа го бара и Косово, односно КФОР на север. Не сум слушнал дека Србија е против тоа. Овде воопшто не е важно кој тоа го бара, еве што бара ситуацијата денес, да се правеше порано немаше да се случи. Малку доцна според мене, но подобро малку доцна отколку предоцна. Ме радува што Османи јавно побара помош од САД за нацртот на здружението. Во суштина, нејзиното барање е позитивно, конечно е чекор во вистинската насока од страна на Косово. Не е важно кој го пишува и кој го предлага, туку само едно е важно, нацртот ќе го исполни легитимното барање на процесот на дијалог, врз основа на договорот потпишан меѓу Владата на Косово и Владата на Србија. Владите доаѓаат и си одат, сериозните земји не, тие продолжуваат да ги спроведуваат договорите. Француско-германскиот план се уште е на маса, објасни Рама.

Треба да знаете
Последни објави