Search

Министерството за транспорт демантира дека постои договор со фирмата Еуровиа за инфраструктурен проект во Арачиново

Министерството за транспорт и врски најостро реагира на информациите објавени на денешната прес конференција на Реџеп Асани кој во името на партите Демократско движење, Алтернатива и Беса, потенцира за извесен договор со компанијата Еуровиа за реализација на инфраструктурен проект во Арачиново. 

-Заради правилно и вистиното информирање на јавноста би сакале да ги демантираме сите информации изнесени на прес конференцијата, од причина што Министерството за транспорт и врски досега нема спроведено јавна набавка за проект за кој што истакнува Реџеп Асани. Во контекст на ова, Министерството за транспорт и врски нема ниту склучено договор со компанијата што Асани ја наведува, стои во демантот

Од Министерството апелираат претставникот на политичките партии подобро да се информира, да им се извини на граѓаните и да се извини на вработените во Министерството за транспорт и врски за лажните информации.

-Нема да дозволиме Министерството за транспорт и врски да биде вовлечено во дневни политички препукувања. Министерството за транспорт и врски е сервис на граѓаните и партнер на општините и во таа насока реализираме капитални проекти со кои ги подобруваме условите за живеење на граѓаните и го поддржуваме урбаниот развој на општините, се вели во демантот.  

Треба да знаете
Последни објави