Search

Курти: Триесет вооружени лица продолжуваат со нападите врз косовската полиција

Косовскиот премиер Аљбин Курти  изјави дека продолжуваат нападите врз косовската полиција, како и дека во нив учествуваат 30 вооружени лица.

„Како што многупати кажав, нападите врз косовската полиција продолжуваат, има најмалку 30 тешко вооружени луѓе, војска и полиција, кои се опколени од косовската полиција и кои ги повикувам да се предадат на нашите сили“, рече Курти на вонредна прес-конференција, пренесе „Еуроњуз“.

Тој го обвини официјален Белград дека ги финансира и раководи со нападите.

„Нашите полицајци, откако беа попречени на патот, беа нападнати со различно оружје, вклучително и рачни бомби. Денеска е тежок ден за нашата земја. Го осудуваме овој терористички напад. Злосторството е финансирано од официјален Белград. Ние го штитиме и спроведуваме законот и независно Косово“, додаде Курти.

Тој рече и дека сторителите и поттикнувачите на нападот ќе бидат фатени и казнети.

„Ги повикувам граѓаните да останат смирени и да покажат разумност дозволувајќи им на институциите да си ја вршат работата“, додаде тој.

Претходно беше објавено дека еден косовски полицаец бил убиен.

Треба да знаете
Последни објави