Search

Вооружена група упаднала во манастир во косовското село Бањско

Дел косовски медиуми објавуваат дека напаѓачите кои синоќа убија еден косовски полицаец, а повредија друг, наводно се криеле во манастирот Бањско. Откако рано утринава беше потврдено дека на северот во Косово биле нападнати косовски полицајци, како што пренесуваат информација од Рашко-призренската епархија, според нивните сознаија група вооружени маскирани лица со оклопно возило влегле во манастирот, при што ја пробиле заклучената капија на манастирот.

-Во моментов во манастирот има група верници од Нови Сад, со свештеникот, игуменот Данило и браќата од манастирот. Заради безбедност, браќата од манастирот и поклониците се затворија во студентскиот дом. Заклучен е и храмот на манастирот. Вооружени маскирани лица се движат низ дворот и слушаат дека повремено е пукано, гласи информацијата кој ја пренесуваат медиумите.

Официјални извори се уште не потврдуваат дали истата група која уби еден, а друг полицаец рани, е во манастирот.

Треба да знаете
Последни објави